На Гвардиола „му се споија жичките“, тргна да се тепа на улица после поразот од Ливерпул (Видео)

Се појави видео кое стана вирално и на кое може да се види како менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ги губи нервите по провокација од навивач на Ливерпул, кој го сретна на улица и му дофрли: „Пријателе, изгубивте“.

Пеп кој не беше подготвен за шега, се налути и веднаш се сврте кон навивачот со намера физички да се пресмета со него, но беше задржан од обезбедувањето. Така Гвардиола мораше да се задоволи само со тоа што на навивачот му испрати порака со заканувачки тон: „Сакаш да знаеш како е да се загуби?“

- Оглас -

Најнови вести