Пеп Гвардиола синоќа ја извојува 12-тата победа во 20-тиот меѓусебен дуел како тренер против Реал Мадрид, но сакаше неговиот Манчестер сити да победи со што е можно поубедлив резултат.
Каталонецот бурно ги прославуваше головите на Граѓаните, а очајуваше кога примаа голови.
Првата хит реакција ја имаше кога Винисиус му ја направи финтата на Фернандињо, го претрча и даде гол за 2-3. Пеп десетина секунди пред да падне голот знаеше што следува и затоа падна на колена.
https://twitter.com/i/status/1519049060132524032
Во финишот, Карим Бензема велемајсторски покажа огромна храброст, изведе пенал во стилот „Паненка“ и го претвори во гол за 4-3. Гвардиола прво го покри лицето и се смееше од немоќ.
https://twitter.com/i/status/1519067016740626432