Хабиб Нурмагомедов одговори со порака на социјалните мрежи по одлуката на Комисијата во Невада да го казни со деветмесечна суспензија и 400 илјади евра, 10 пати повеќе од неговиот противник Конор Мекрегор.
„Ова е политичка одлука и казна и ништо друго. Разбудете ме кога ќе биде сè готово“, реагираше големиот борец во УФЦ.
Тој ќе мора да паузира 9 месеци, а Конор доби шестмесечна суспензија и ќе треба да плати 40 илјади евра.
Одлуката е по инцидентните ситуации што се случија по мечот меѓу двата борци за титулата во УФЦ, а на кој Нурмагомедов славеше со прекин против големиот ривал.