Во осминафиналето на жупанискиот куп во Хрватска, екипата на НК Вараждин го растури нисколигашот ШНК Карловец со неверојатен резултат од 29-0. Паѓаа голови во 5, 6, 7, 8, и 9 минута, кога веќе беше 5-0.
Четворица играчи на Вараждин направија хет-трик, а се истакна Скоруп дури со девет погодоци. Тренерот Самир Топлак се оправдуваше бидејќи многумина сметаат дека не е спортски на послаб ривал да му се дадат толку голови и да биде прегазен до крај. Тој рече дека во тимот имал и јуниори, но не можел да им каже да играат со половина сила.