На хуманитарниот меч во Варна се собрани 55.000 евра за настраданите во Кочани

Фудбалските ветерани на Бугарија и Македонија во неделата во Варна одиграа хуманитарен натпревар за настраданите во страшниот пожар кој се случи во Кочани. Бугарската и светска фудбалска легенда, Христо Стоичков, откри дека на хуманитарниот меч се собрани 112.000 лева, односно околу 55.000 евра.

„Премногу емотивен ден. Првиот добротворен настан на Фондацијата ‘Национали 92’. Фудбалот уште еднаш покажа дека е посилен од сè. Собравме 112.000 лева за добротворна цел – жртвите од пожарот во Кочани. Им благодарам на моите пријатели Горан Пандев и Ѓоко Хациевски што веднаш одговорија на поканата. Патот на ‘четвртите во светот’ продолжува“, напиша Стоичков на социјалните мрежи.

Иако резултатот беше во втор план, Македонија победи со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести