Соиграчите на Јусуф Нуркиќ од НБА-тимот Портланд трејлблејзерс беа на краток час по босански јазик. Нуркиќ имаше задача да се обиде да ги научи своите колеги да го кажат зборот „навивачи“, а потоа и „Јас се обидувам Џенифер“.
Во смешното видео објавено на клупската телевизија, со босанскиот јазик се мачеа Симонс, Трент, Леонард, Колинс, Амину и Лејман.
Како изгледаше тоа, погледнете во симпатичното видео: