На играта 3+ голови, во Прилеп освоени преку 3.500 евра

Со вербата дека ќе има мечеви со многу голови, еден прилепчанец стана побогат за 222.772 денари благодарение на добитниот тикет уплатен во спортските обложувалници на Sport Life – вкупно 10 одиграни меча и сите со знакот 3+ дека ќе има три или повеќе голови на средбата. Со уплатени 120 денари, односно 2 евра, добивката е над 3.500 евра.

Интересен е изборот на мечеви – од дуели кои се во топ 5 лигите, па сè до мечеви од втората лига на Алжир. Токму мечот меѓу АСМ Оран и Бехаија има најголем коефициент за 3+ (3,15). Гостите победија со 2:1 за погодена прогноза. Иако коефициентот на Хетафе – Алавес за 3+ беше 2,70, овој меч беше еден од порелаксираните за чекање бидејќи домаќините уште во 55-тата минута водеа со 3-0.

Најмногу мака прилепчанецот имал на единствениот пар каде што играле жени. На дуелот Италија – Чиле во женска конкуренција на полувремето немаше погодоци. Чиле поведе во 52-рата минута, а Италија беше голем фаворит за триумф. „Аѕурите“ и во женска конкуренција во свој стил направија пресврт. Мауро израмни во 73-тата минута, а во 93-тата гол за победа на Италија, но и за добивка на прилепчанецот, постигна Таренци.

ЧЕТИРИ ПАРА СО 500 ДЕНАРИ ЗА ДОБИВКА ОД 209.950 ДЕНАРИ

Во скопскиот Карпош е одиграно храбро ливче. Со 500 вложени денари, на четири пара, добивката е 209.950 денари. Играта е едноставна. Полувреме-крај со 2-4 голови. Атлетико Мадрид против Уеска на полувремето водеше со 1-0, а на крајот победи со 3-0 на гости.

Останатите три пара од овој добитен тикет се играни на водство на полувреме и победа на крај за домаќините со 2-4 гола. Њукасл против Кардиф славеше со 3-0 (1-0), Лутон го победи Питербро со 4-0 (2-0), а Ла Коруња се радуваше против Албасете со 2-0. Домаќините дадоа по еден гол во двете полувремиња.

 

 

- Оглас -

Најнови вести