На играта Двојна победа промаши само „половина меч“ и не успеа да освои над 2.000 евра

Среда за малку не беше многу среќен ден за еден обложувач кој уплатил тикет во Гевгелија. Само со 70 вложени денари, потенцијалната добивка беше 146.138 денари.

Одиграни се осум меча, и тоа на ист принцип. На сите осум меча еден од двата тима ја имаше фаворитската улога и играта е да има „Двојна победа“. Тоа значи посочениот тим на полувремето да има предност, а потоа и во второто полувреме да даде барем еден гол повеќе од противникот, односно да ги добие двете полувремиња посебно.

Дури седум од осумте меча излегоа Двојна победа, и тоа: Глазговр ренџерс – Рос каунти 4:1 (2:0), Ајакс – Херенвен 5:0 (3:0), АЕК – Јанина 3:0 (2:0), Валур – ИА Акранес 4:0 (1:0), Вулверхемптон – Манчестер сити 5:1 (3:1), Спартак Москва – Јенисеј 3:0 (1:0) и Молде – Оддс 3:0 (2:0).

Двојна победа единствено не успеа да забележи ПСВ Ајндховен во дуелот со НАЦ Најмехен. Домаќините на полувреме водеа со 2:0 и имаше предуслов за Двојна победа. Во второто полувреме ПСВ поведе и со 3:0, па да останеше тој резултат, тикетот ќе беше добитен. Сепак, во последните 25 минути од дуелот гостите дадоа два гола, па резултатот од вториот дел е 1:2 за НАЦ. Тоа значи дека конечниот резултат 3:2 за ПСВ да не биде доволен за Двојна победа и тикетот кој имаше фантастичен вкупен коефициент од 2.087 за многу малку не е добитен.

- Оглас -

Најнови вести