На Имола двајца возачи ќе се борат за победата, другите се далеку послаби

Актуелниот светски првак во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен, ќе стартува од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Италија, која ќе се вози на патеката Имола.

Ферстапен веднаш покрај себе ќе го има Шарл Леклер од Ферари кој сезонава вози одлично, а фактот дека ова е домашна патека на италијанскиот тим, ќе биде дополнителен мотив Леклер да донесе радост на многубројните фанови на Ферари.

Според коефициентите во Sport Life, токму Ферстапен и Леклер се главни претентенти за победата на оваа трка, додека сите останати се барем со двоцифрени квоти.

Интересно е дека седумкратниот светски првак Луис Хамилтон е далеку од фаворит за победа, па коефициентот за Британецот да победи на оваа трка е дури 150.

- Оглас -

Најнови вести