Европските гиганти Баерн Минхен, Ајакс Интер вчера немаа милост против своите ривали и со врв им ја наполнија мрежата. На „Алијанц Арена“, Баерн со 7:0 го победи Бохум, додека Интер во Милано со 6:1 беше подобар од Болоња. Најубедлив беше Ајакс кој немаше милост против Камбур, па навивачите на „Амстердам арена“ видоа меч со дури девет погодоци.
И денеска може да се очекува да има натпревари на кои може да се „бркаат“ многу погодоци, а ние издвојуваме дел од нив со понуда за коефициентите за 7+, но секако може да одиграте и 5+ или 6+ голови.
2504 Валеренга – Молде (7+, коефициент 11.8)
Молде е домаќин на Валеренга во Норвешка, а ова е меч на две екипи кои традиционално играат со многу голови. На последните шест меѓусебни средби вкупно имало 30 погодоци, што е просек од пет гола на меч. Молде пред еден месец одигра 5:4 во првенството, што е уште еден факт дека може да има многу погодоци и денеска.
1541 Порто – Мореиренсе (7+, коефициент 14.8)
Порто е апсолутен фаворит и само прашање е колку домаќините ќе сакаат да погодуваат на овој меч. Мореиренсе има слаба одбрана, но сака да напаѓа, па знае и да постигнува погодоци, што се покажува и по просекот од преку три гола на последните осум мечеви.
Кога играле Порто и Мореиренсе, традицијата вели дека два пати од послдните шест средби биле со 7+ (6:1, 4:3), а еднап завршило со шест гола (4:2).
1245 Ливингстон – Селтик (7+, коефициент, 21.5)
Јасно е дека гостите треба да победат, а се очекува да има и многу погодоци. Селтик во изминативе 45 дена одигра 10 меча во сите натпреварувања, а на дури четири имаше најмалку шест гола (3:4 со Бетис, 6:0 против Сент Мирен, 6:0 против Данди и 4:2 кај Јабланец). Очекуваме и денеска да продолжи ефикасната игра на шкотскиот првак.