Возбудливо ќе биде на 13-те пара кои се избрани да бидат дел од 18-тото коло на Спортската прогноза. Повеќе од 1.500 прогнозери веќе ги дадоа своите фиксови на одбраните мечеви од Топ 5 лигите во Европа.
Во фокусот се два дерби-дуела. Арсенал е домаќин на Манчестер сити, а над 40 отсто очекуваат Топчиите да победат. Во триумф на Сити веруваат помалку од 30 отсто од тие што типувале досега.
Милам ќе ја има улогата на домаќин против градскиот ривал Интер на „Сан Сиро“. Иако најголем дел од гледачите ќе бидат навивачи на Милан, прогнозерите фаворитската улога му ја препишаа на Интер. Дури 44 отсто чекаат актуелниот италијански првак да победи, а двојно помалку веруваат во силата на Милан.
Како еден од најсигурните „кецови“ е победата на Валенсија против Селта Виго. Иако Валенсија е во зоната за испаѓање, над 70 отсто чекаат Лилјаците да се радуваат.
Како во секое коло така и сега главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 понудени меча. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува ваучер во вредност од 1.000 денари, а 11-ката носи ваучер од 500 денари.