На Интер му тргна со „цик-цак“ дресовите (Видео)

Интер го победи Наполи со 2-0 и се врати на второто место на табелата во Серија А, со бод предност пред третата Аталанта. Интер на овој меч за првпат се појави во новите дресови на кои сината и црната боја не се во вертикални линии, туку „цик-цак“. Дебито со овие дресови беше успешно и можеби тоа е најава за поуспешна следна сезона во која ќе играат со истите дресови.

Стрелци беа Дамброзио во 11-тата и Лаутаро Мартинес во 74-тата минута. Особено убав беше голот на Аргентинецот по една соло акција и прецизен шут од далечина. Нашиот Елиф Елмас го одигра целиот натпревар и имаше две шанси, но не успеа да спречи пораз.

Наполи по дванаесеттиот пораз сезонава остана седми на табелата.

Ова е голот на Лаутаро со кој Интер му ја запечати судбината на Наполи:

https://twitter.com/i/status/1288223835729416195

- Оглас -

Најнови вести