Ипсвич е рекордер во Англија според континуитетот со настапи во иста лига, а цели 17 години не мрдна од Чемпионшип. Секако тука не се сметаат екипите од Премиерлигата, туку во конкуренција се клубовите од останатите лиги на Островот.
Познатиот клуб, кој има учества и во еврокуповите последен пат играше во Премиерлигата во сезоната 2001/02 и оттогаш е член на втората по ранг лига на Островот.
Инаку Ипсвич има славна историја и е освојувач на пехарот во УЕФА купот во 1981 година, откако во двата финални дуели беше подобар од АЗ Алкмар и го освои трофејот.
Сезонава не им оди најдобро, убедливо се последни во Чемшионшип со само 11 бодови, по 17 натпревари и загрозен им е континуитетот од 17 сезони во низа со учество во иста лига.
Зад Ипсвич со 12 едноподруго настапи во Tретата по квалитет лига се наоѓа Волсал, а интересно е што и тимот на Езџан Алиоски, Лидс е на листата со 9 настапи едноподруго во Чемпионшип.
Ипсвич – 17 учества по ред во Чемпионшип
Волсал – 12 настапи по ред во Третата лига (League one)
Морекамб – 12 настапи по ред во Четврата лига (League two)
Дерби каунти и Нотингем Форест по 11 настапи во серија во Чемпионшип
Лидс – 9 настапи во низа во Чемпионшип