9.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

На Исак му украле 200.000 фунти, а на крадците им е наложено да вратат само ЕДНА фунта

БРАЌАТА Валентино и Џакомо Николов, нивната сестра Јела Јовановиќ и нејзиниот син Чарли Јовановиќ на северот од Англија украле предмети и пари со вкупна вредност од над 1,2 милиони фунти. Меѓу нив се и оние од домот на Александар Исак, поранешен напаѓач на Њукасл и сегашен играч на Ливерпул. Сега тие добија наредба од судот да вратат по 1 фунта, пишува Би-би-би.

Криминалците со италијанско државјанство патувале во североисточна Англија за да ограбат три куќи во април 2024 година. Четворицата беа осудени во мај 2025 година на шест до десет години затвор. На рочиштето за одземање на имотот во Судот во Њукасл, на браќата Николов и Јела Јовановиќ им беше наредено да вратат по 1 фунта, додека на Чарли Јовановиќ му беше наредено да плати 1.135 фунти.

Тие пристигнаа во Велика Британија со ферибот, а престојувале во кампер-комбе. Имале и второ возило кое било користено за следење на жртвите и извршување кражби.

Прво влегле во куќа во Њукасл, од каде што биле украдени работи во вредност од над еден милион фунти, вклучувајќи дизајнерска облека, чанти, накит и медали. Следната ноќ, бандата провалила во втора куќа и украла дизајнерски чанти, накит и чевли во вредност од над 100.000 фунти.

Потоа следело двонеделно следење на Исак и неговите активности, па на крајот решиле да влезат во домот на тогашниот фудбалер на Њукасл и украле 10.000 фунти во готово, накит во вредност од 68.000 фунти и неговото „ауди РС6“ вредно 120.000 фунти.

Бандата, опишана од обвинителството како „професионални туристички крадци“, носела ракавици и маски, ги исклучувала мобилните телефони додека се приближувала кон своите цели и користела гумени ленти за да ја прицврсти регистерската табличка украдена од гаража во Честер-ле-стрит до нивниот автомобил.

Неколку дена по трите грабежи, полицијата успеала да ги уапси крадците. На рочиштето за конфискација, обвинителот Даниел Корди рече дека секој од крадците остварил профит од 1.266.285,93 фунти, според изјавите на жртвите за загубите. Чарли Јовановиќ бил единствениот пронајден со пари што можеле да се конфискуваат – 1.135,50 фунти, кои полицијата веќе ги запленила. Судот му наложил да помине 14 дена затвор ако не плати.

Останатите тројца немаат имот и им било наредено да платат симболична 1 фунта, плус седум дена затвор за неплаќање. Судијата Роберт Спраг рече дека доколку во иднина се утврди дека поседуваат средства, „на пример, ако возеле низ Италија со брз автомобил или поседувале имот“, тужителите би можеле да поведат нова постапка за да го наплатат преостанатиот износ.

- Оглас -

Најнови вести