На Истокот започнува битката за големото НБА-финале, Бостон е фаворит против Индијана (Фото)

Вечерва во 02 часот по полноќ по средноевропско време ќе започне финалната серија во Источната конференција, која ќе го даде патникот во големото НБА-финале.

Во битката за големото финале ќе се борат најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Бостон селтикс, и Индијана пејсерс, која во плејофот стартуваше од шестата позиција.

Бостон во првата рунда од плејофот со 4-1 во победи го елиминира минатогодинешниот финалист Мајами хит, а во втората рунда беше подобар од Кливленд кавалирс, исто така во пет меча.

Индијана, пак, беше подобра од Милвоки бакс (4-2) и од големиот ривал Њујорк никс (4-3), кого во одлучувачкиот седми натпревар го победи во неговата „Медисон сквер арена“, и тоа со 130:109.

Во регуларниот дел од сезоната, Бостон и Индијана одиграа пет меча меѓу себе и Келтите славеа на три.

Фаворитската улога ја има Бостон, а квотата во Sport Life за победа изнесува 1.26, додека таа за триумф на Индијана е 3.90.

Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Огромен е бројот на играчи кои може да ги одиграте за бројот на постигнати поени, скокови, асистенции, но и комбинираната игра на збирен број на поени-скокови-асистенции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести