На историскиот гол на Кејн освен фановите на Тотенхем му се радуваат и тие на Арсенал

Тотенхем има водство од 1:0 против Манчестер сити по првото полувреме од дерби пресметката во 22-то коло во Премиер лигата. На водството на Тотенхем по првото полувреме, му се радуваат и навивачите на Арсенал бидејќи по вчерашниот пораз од Евертон, не сакаат Сити да дојде до само два бода од Топчиите на табелата.

Голот го постигна Хари Кеј во 15-та минута и се запиша во историјата. Ова беше 267 гол за Кејн во дресот на Тотенхем со што стана најдобар стрелец во историјата на Петлите, надминувајќи го Џими Гривс.

Кејн со голот влезе и во историските книги на Премиер лигата, станувајќи третиот фудбалер што дошол до бројката од 200 гола во најсилната англиска лига.

Тој им се приклучи на Алан Ширер и Вејн Руни кои се единствените играчи кои досега постигнале 200 гола во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести