На изнемоштениот Дончиќ тешко му падна што не освои медал на ОИ (фото)

Лука Дончиќ и Словенија немаа одговор за разиграниот Пети Милс и Кенгурите во мечот за бронзениот медал на олимпискиот кошаркарски турнир во Токио.

Словенците брилјираа до завршницата, посакуваа било каков медал, но на крајот завршија како четврта најдобра кошаркарска селекција. По мечот за третото место, кој Австралија го доби со 107:93, Дончиќ се урна покрај записничката маса и делуваше исцрпено.

Речиси една година ѕвездата на Далас е без одмор, па иако не си го оствари сонот да освои медал, сега му следува заслужена пауза, а кога ќе се врати во САД го чека богат договор од Маверикс, односно обнова на соработката вредна 205 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести