На Јаховиќ му требаа седум минути да ја затресе мрежата на Партизан (видео)

Јени Малатијаспор води со 1-0 против Партизан во реванш-пресметката од Лигата на Европа благодарение на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ.

Голгетерот на турската екипа ја затресе мрежата на „црно-белите“ во седмата минута од мечот кој се игра во Малатија и им донесе надеж на домашните навивачи за пласман во следната фаза. На фудбалерите на Малатијаспор им е потребен уште еден гол за резултатски да бидат во предност против Партизан, бидејќи средбата пред седум дена во Белград заврши со 3-1 во корист на белграѓани.

https://www.youtube.com/watch?v=lm11g3ubZQo

- Оглас -

Најнови вести