Чедомир Јаневски претрпе и втор пораз со Исмаили во Африканската лига на шампиони, вечерва на домашен терен од претставникот на Тунис, Клуб Африкан.
Гостите со двата прецизни удари од белата точка на Ајади успеаја да направат пресврт, откако Исмаили поведе со погодокот на Шилонго во осмата минута.
Се беше решено по првите 45 минути, кога беа постигнати головите за прва победа на Клуб Африкан. Исмаили и во првото коло беше поразен од Мазембе со 0:2 на гостински терен.
Јаневски го презеде кормилото на Исмаили во последната фаза од квалификацискиот двомеч за пласман во Лигата на шампионите и успеа да се пласира во главната фаза, но сега е во тешка ситуација со два порази од два меча.
Исмаили е првиот клуб од Египет што ја има освоено титулата континентален првак на Африка, во 1969 година и тоа им е единствениот трофеј досега, а имаат уште едно финале во 2003 година.