Вечерва ќе се играат шест натпревари во НБА-лигата и за кои Sport Life подготви одлична понуда со 161 комбинација за играње.
Еден од најинтересните дуели ќе биде тој меѓу Сакраменто кингс и Феникс санс кој ќе се игра во „Голден 1 центар“ во главниот град на Калифорнија.
Феникс кој пред почетокот на сезоната се споменуваше како еден од главните фаворити за пласман во големото финале, на почетокот од сезоната не игра според очекувањата и моментно се наоѓа на деветтото место во Западната конференција со учинок од 14 победи и 13 порази.
Кралевите пак имаат 16 победи во 26 меча и се четврти на табелата, а победија на првиот меѓусебен дуел сезонава (114:106). На тој меч блескаше Деарон Фокс кој даде 34 поени, а и вечерва се очекува да биде адут за триумф на Кралевите кои се надеваат дека експресно ќе се опорават од поразот од Бостон селтикс.
Кај Феникс, Кевин Дуран и Девин Букер се главните ѕвезди на тимот и од нив се очекува да ја преземат одговорноста.
шампионот Денвер нагетс сезонава игра одлично против екипите од Источната конференција, славеше на последните пет дуели, а вечерва има одлична шанса да дојде до шестата победа во низа над тим од Истокот. Денвер му гостува на Бруклин нетс кого пред точно една седмица го победи со убедливи 124:101. Работата на Денвер треба да му биде олеснета поради неиграњето на Симонс, Смит јуниор и Вокер кои се повредени.
Филаделфија сиксерс предводена од одличниот Џоел Ембид, е фаворит да дојде до победа на последниот меч годинава кој ќе го игра пред своите фанови, додека улогата на фаворит ја има и Мајами кој ја пречекува Атланта.
Во понудата на Sport Life има можност и да се игра на поени на кошаркарите. За вечерва има 48-мина кошаркари во играта „плус-минус“ поени.