Репрезентацијата на Србија се собра во Стара Пазова на подготовки за клучниот меч со Португалија на гости од квалификациите за СП 2022, а атмосферата во тимот е добра, што се гледа и од снимките кои ги објави Српската фудбалска федерација.
Лука Јовиќ, кој никако да заигра за Реал Мадрид, одигра опуштена партија пинг-понг со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси. Според тоа што може да се види на снимката, Лука прилично добро се снаоѓа и го надигра селекторот.
https://twitter.com/i/status/1458017967850065922