29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

На Јувентус ова му се имаше случено само еднаш во претходните 22 старта во ЛШ

Италијанскиот гигант Јувентус имаше тешка задача во првото коло од Лигата на шампионите. Тимот од Торино гостуваше кај францускиот првак Пари Сен Жермен, а Светците на домашен терен ретко кога може да не победат.

Килијан Мбапе постигна два гола во првото полувреме и донесе добра предност за домаќините, а Јувентус во вториот дел постигна еден погодок, но тој не беше доволен да се спаси од пораз на „Паркот на принцовите“.

Историјата покажува дека Јувентус загуби само вторпат во последните 23 години во првиот меч од Лигата на шампионите. Првиот пат тоа се случи на 12 септември 2017 година во дуел со Барселона, а сега ПСЖ успеа да слави во стартното коло против италијанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести