На Јувентус веќе не му се ни игра, Калјари затоа си ќари

Јувентус во минатото коло си ја обезбеди деветата титула во низа во Серија А, па веќе Старата дама како да не е заинтересирана да игра во овие топли денови. Најтрофејниот италијански клуб загуби на гости кај Калјари со 2:0. Двата погодоци на домаќините беа постигнати во првото полувреме.

Посебно интересен беше голот што го даде Симеоне во судиското надополнување, погодок кој според многумина, е кикс на легендарниот Џанлуиџи Буфон. Едноставно, 42-годишниот голман покажа дека ги нема рефлексите како порано, па затоа и дозовли да прими ваков погодок. 

За Калјари ова беше еден вид историска победа против Јувентус. Домаќините немаа радост против гигантот цели 11 години, во кои беа одиграни 19 натпревари. Во тој период Јувентус имаше 16 победи и само три нерешени за вечерва конечно да загуби.

По овој меч, дури и Кристијано Роналдо може да се откаже од неговата идеја да стигне до Златната копачка во Европа која се доделува на најдобриот стрелец. Кристијано не погоди против Калјари, па во пресрет на последното коло има четири погодоци помалку од лидерот Чиро Имобиле, кој треба да е новиот освојувач на оваа престижна награда.

Во останатите мечеви кои се играа доцна вечерва: Фиорентина – Болоња 4:0 и Торино – Рома 2:3.

Претходно се одиграа уште пет меча од ова коло, по кое стана јасно дека во последните 90 минути ќе има вистинска драма околу тоа која екипа ќе опстане, а која ќе се спаси.

- Оглас -

Најнови вести