На Калјари му претече млекото во последен момент

Калјари имаше предност од 2:1 до последните моменти од мечот против Парма, но Данецот Корнелиус е во гол-форма и со трет погодок на последните пет меча им донесе еден бод на гостите.

Калјари на двапати водеше, а Педро промаши и пенал и казната стаса на крај, во 94. минута. Поради повреда за гостите не играше Дејан Кулушевски, а Парма остана непоразена на втор меч по ред.

Калјари не успеа да ја сопре серијата од пет меча без пообеда и сега заедно со Парма се на делба на шестата и седмата позиција со по 32 бода.

- Оглас -

Најнови вести