4.8 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

На „Камп Ноу“ ечеше: Чаби остани, Чаби остани (Видео)

Барселона реди победи во шпанското првенство и го чува првото место на табелата пред вечниот ривал Реал Мадрид. Синоќа, каталонскиот гигант на „Камп Ноу“ со 2:0 славеше над Осасуна, а покрај радоста за новиот триумф, навивачите на Барселона не заборавија да го „поздрават“ најголемиот ривал Реал Мадрид, односно нивниот тренер Чаби Алонсо.

Реал е во криза и има само една победа во последните пет кола, па тренерот Чаби Алонсо е под притисок дека може да добие отказ, доколку вечерва ќе победи на гостувањето кај Алавес. Тоа го знаат и фановите на Барселона, кои на „Камп Ноу“, скандираа „Чаби остани, Чаби остани“.

Barcelona fans chanting “¡¡Xabi quédate, Xabi quédate, Xabi Que-da-teeeee!!” (Xabi Stay) during the Barça-Osasuna Match
byu/Task_Force-191 insoccer

- Оглас -

Најнови вести