На Канаѓаните им е топло и во Минесота

Торонто мејпл лифс победи на гостувањето кај Минесота вајлд, и дојде до серија од четири триумфи по ред, со што дојде на чекор од првата позиција на табелата во хокеарската НХЛ лига. Сега „јаворовите листови“ имаат 19-8-0, и се наоѓаат на еден поен зад Тампа Беј лајтнинг.

Тимот од Тампа со златен гол во продолжението, го доби соседското дерби против Флорида пантерс. Флорида водеше со 4-1, но во регуларниот дел средбата заврши 4-4, а потоа гостите со голот на Брајден Поинт, направија и целосен пресврт.

Аризона даде 6 гола, од кои четири во вториот период, а Детроит во својата прва гостинска победа над Бостон после пет години, прими два гола, но Џими Хауард имаше 37 одбрани.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Детроит 2:4, Флорида – Тампа Беј 4:5, Минесота – Торонто 3:5, Монтреал – Њујорк ренџерс 5:2, Њу Џерси – Винипег 3:4, Њујорк ајландерс – Колумбус 3:2, Питсбург – Филаделфија 2:4, Аризона – Сент Луис 6:1, Нешвил – Чикаго 5:2, Едмонтон – Вегас 2:1.

- Оглас -

Најнови вести