Репрезентацијата на Словенија имаше одличен старт на квалификациите за Европското кошаркарско првенство и забележа две победи над Украина и Израел. Словенците, како и сите други репрезентации, играа без кошаркарите од НБА-лигата, па капитенот Клемен Препелиќ се налути зошто постојано се прави фама околу Лука Дончиќ кога екипата победува и без него.
„Секогаш се истакнува дека Дончиќ не е тука и зошто не е. Лука, Лука и само Лука… Сите сме свесни дека без Дончиќ немаме шанси за врвот на светската кошарка, но зошто секогаш се плука по играчите кои секогаш доаѓаат да играат за репрезентацијата. Без тие момци никој немаше да го гледа ниту Лука на големите натпреварувања. Тие 11-12 кои секогаш се тука заслужуваат поголема почит“, рече Препелиќ.