Актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен во блиска иднина може да добие нов газда. Поранешниот катарски емир, Тамим бин Хамад ал Тани, најавил дека е отворен за преговори доколку некој сака да го купи францускиот гигант.
Според реномираниот „Л’Екип“, тоа не би значело дека Ал Тани целосно ќе се повлече од ПСЖ, но е подготвен да го продаде доминантниот дел од сопствеништвото доколку некој сака добро да плати.
Најголема грижа на акционерите е наглиот пад на интересот за фудбалот, па поради ова, инвестициската групација КСИ повеќе не ги гледа парижаните како приоритет и покрај тоа што се откажаа од купувањето на Манчестер јунајтед.
„Л’Екип“ истакнува дека Катарците стекнале одредено чувство на одвоеност од проектот на ПСЖ, а главната причина е заситеноста од претходната ера на преплатени ѕвезди, што не резултираше со посакуваната доминација.
Бидејќи KSI продолжува да ги апсорбира загубите, императив е да се намалат трошоците и да се направи организацијата финансиски постабилна. Голем чекор кон ова може да биде продажбата на 12,5 отсто од акциите во клубот во износ од 500 милиони евра на американскиот инвестициски фонд Arctos Partners LP.