На Кејн му требаат 11 гола во последните девет кола за да го урне рекордот на Левандовски

Беа потребни 50-тна години за некој да го урне рекордот на Герд Милер по број на голови во една сезона во германската Бундеслига, а кога тоа му успеа на Роберт Левандовски во 2020/2021, можно е рекордот на Полјакот да падне после само три години.

Хари Кејн кој во моментов игра за Баерн, може да го подобри рекордот на Левандовски од 41 голови во сезона, а дека тоа ќе се случи сезонава, верува и тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Англичанецот има 30 погодоци во 25 настапи, на девет кола пред крајот на сезоната му требаат уште 12 гола за нов бундеслигашки рекорд.

„Верувам дека Хари ќе постави рекорд. Тој во целата кариера дава голови, пример е за другите со својот однос, прекрасна личност е. За мене е задоволство што сум негов тренер“, кажа Тухел после денешниот меч со Мајнц на кој Кејн даде три гола.

Она што му фали на Кејн се трофеи, никогаш ништо не освоил со Тотенхем и репрезентацијата, а и сезонава со Баерн ќе биде тешко да освои некој трофеј, иако уште се во игра за титулите во Лигата на шампионите и Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести