-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

На Килијан Мбапе му е потребен само уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо

Килијан Мбапе постигна два гола во победата на Реал Мадрид над Талавера од 2-3 во меч од Купот на Шпанија и дојде до бројка од 58 гола оваа календарска година за Кралевите.

Францускиот репрезентативец сега е само на еден гол од рекордот на Кристијано Роналдо, кој во 2013 година постигна 59 гола за Реал Мадрид. Мбапе ќе има само уште една шанса да го израмни или да го мине постигнувањето на Португалецот, а тоа ќе биде во сабота, кога Кралевите на домашен терен ја пречекуваат Севиља во меч од Ла Лига.

Килијан Мбапе се пресели во Реал Мадрид од ПСЖ како слободен фудбалер во летото 2024 година и на 82 настапи за Кралевите има постигнато 72 гола.

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести