На Кипар се двете екипи кои не сакаа да победат за да не влезат во плејофот

Неверојатна ситуација се случи во кошаркарското првенство на Кипар, кој предизвика скандал. Екипите на Аполон и Паек требаше да играат во дуел на кој победникот ќе обезбедеше место во плејофот. Во една нормална ситуација тоа ќе беше дерби и двете екипи ќе се бореа да победат, но овојпат не беше така.

Екипите на Аполон и Паек се во финансиски проблеми и едноставно едвај чекаат првенството да заврши. Затоа и двете екипи не сакаа да победат во последното коло во меѓусебниот дуел, па се решија на еден чуден потег.

Двете екипи „заборавиле“ да ги донесат неопходните записници за регистрација на кошаркарите, па немаше услови за игра. Ако едната екипа ги заборавеше записниците, другата ќе победеше и ќе играше во плејофот, каде што ќе имаа уште неколку меча за играње, што ќе значеше и дополнителни финансиски трошоци.

Аполон на мечот се појави со седуммина играчи, а од Паек дојдоа само со петмина. На крајот судиите решиле дуелот да се одложи, а се очекува целиот процес да продолжи со одлука на Федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести