На клупскиот Мундијал ќе има голеада на сите четири меча, Атлетико и ПСЖ ќе победат (Фото)

Сите четири меча од Светското клупско првенство се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life додека петтиот меч е од шведското првенство. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.45, додека петте меча искомбинирани на еден тикет прават квота од 50.8.

Од екипата на Хелсингборг се очекува победа над Умеа, а доколку тоа биде во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.

Атлетико Мадрид е фаворит против Ботафого на клупскиот Мундијал, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако избраниците на Чоло Симеоне победат, но и ако има барем еден гол во второто полувреме.

ПСЖ нема право на кикс и мора да го победи Сиетл ако сака да се пласира во осминафиналето. Квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако Светците имаат водство на полувремето и на крајот победат, но и ако има најмалку три гола на целиот меч.

Ефикасен фудбал и голови се очекува од екипите на Интер Мајами и Палмеирас. Понудената квота од 2.45 ќе биде добитна само ако има голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња.

Порто е во предност на мечот против Ал-Ахли од Каиро, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако Португалците не загубат, но и ако двете екипи бидат ефикасни.

- Оглас -

Најнови вести