На кое дереџе дојде Барселона: Нема пари да го купи Депај

Многу медиуми објавија дека Мемфис Депај со сигурност ќе биде нов играч на Барселона, но сепак работата не е толку едноставна и е далеку од завршена. Холандскиот репрезентативец синоќа играше во дресот на Олимпик Лион и даде гол во поразот на неговиот тим од Монпелје.

Иако се очекуваше Депај во скоро време да го видиме на „Камп ноу“ со дресот на Барселона, претседателот на Лион открива дека каталонскиот гигант има финансиски проблеми.

„Имав разговор со претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, и тој ми се пожали дека клубот финансиски многу настрадал поради пандемијата со корона-вирусот и засега не може да си дозволи да го купи Мемфис Депај“, вели првиот човек на Лион, Жам-Мишел Олас.

И спортскиот директор на Лион, Жунињо, потврдува дека засега нема ништо од трансферот затоа што Барселона официјално не упатила никаква понуда. За да има реализација на трансферот на Депај во Барселона, каталонскиот гигант прво мора да ги продаде Луис Суарес и Артуро Видал. Лион најави дека Депај нема да го пушти за сума под 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести