На кого му фати сеир Гвардиола? Го поткачи Баерн, или Чоло Симеоне: Утре ќе подготвам специјална тактика со 12 играчи

Пеп Гвардиола има интересна изјава пред утрешниот прв меч во четвртфиналето во Лигата на шампионите на Манчестер сити против Атлетико Мадрид, а вели дека подготвува специјална тактика.

„За утре ќе подготвам специјална тактика. Ќе играме со 12 играчи“, изјави тренерот на англискиот првак Манчестер сити.

Изјавата предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, а едни велат дека Пеп се пошегувал со случајот на Баерн, екипа што завчера кус период играше со 12 играчи на терен против Фрајбург.

Другите коментираат дека изјавата се однесува на Чоло Симеоне и Атлетико Мадрид, со асоцијација дека на Сити ќе му требаат повеќе играчи на терен за да го разбијат бункерот на шпанскиот тим.

Симеоне е познат како одличен тактичар, а Атлетико чести знае да игра многу дефанзивно, а без разлика на тактиката на двајцата тренери, утре на „Етихад“ во Манчестер од 21 часот ќе има голема битка и меѓу играчите на двата тима и меѓу двајца врвни фудбалски менаџери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести