На Коло Муани му беа потребни само четири минути за да даде гол против неговиот поранешен тим (Видео)

ПСЖ со 2:1 го совлада Нант во еден од најинтересните натпревари од 15-то коло во Лига 1. Херој на Светците е поранешниот фудбалер на Нант, Рандал Коло Муани кој голот за триумф го постигна во 83-та минута, само четири минути откако влезе во игра на местото на стрелецот на првиот гол, Бредли Баркола.

Ова беше седма победа по ред за ПСЖ во Лига 1 и сега е лидер на табелата со 36 бода, шест повеќе од Монако кој денеска со 2:1 го совлада Рен и тоа како гостин.

Резултатот го отвори Барокло во 41-та минута, а Нант до израмнување дојде на стартот од вториот дел, во 55-та минута преку Мостафа Мохамед.

Во финишот, бодовите останаа на „Паркот на принцевите“ благодарение на Коло Муани.

- Оглас -

Најнови вести