2.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Мечот Наполи – Рома на Конте му личел на дуел од Премиер лигата

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по нерешениот резултат на неговиот тим против Рома од 2-2 во натпреварот од Серија А, рече дека мечот бил игран во англиски стил, со агресивност и притискање.

„Тоа што двапати се вративме по негатива само по себе е значајно достигнување. Ова да беше бокс меч, сигурен сум дека ќе победевме на поени. Беше спектакуларен меч со неверојатен интензитет. Двата тима притискаа многу агресивно. Беше натпревар во англиски стил“, рече Конте. 

Конте посакува Наполи да продолжи во ист дух и во следните 13 кола, колку што останаа до крајот, и тој период ќе одреди во кое европско натпреварување ќе игра тимот следната сезона.

„Нема да биде лесно, нашите конкуренти се организирани и имаат значителни ресурси. Но, ние се обидуваме да ги надминеме сопствените можности“, коментираше Конте.

- Оглас -

Најнови вести