На Конте ова никогаш во кариерата му се немаше случено

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е во криза. Тимот на Антонио Конте денеска на свој терен загуби од Вулверхемптон со 0:2, што е трет пораз во низа.

Трофејниот италијански стратег никогаш претходно во кариерата немал три порази во првенство. Лошата низа започна со поразот на гостување кај градскиот ривал Челзи, а потоа два пати беше поразен на свој терен. Освен денешниот поразо до Волците, Тотенхем загуби и од Саутхемптон со 2:3.

- Оглас -

Најнови вести