На кошаркарското СП ќе го нема „брадата“, но тука ќе биде „косата“

Чудниот имиџ на српскиот центар Мирослав Радуљица, беше главна тема за шеги на првиот ден од подготовките на нашите северни соседи за Светското првенство во Кина кое се игра кон крајот на летото.

Веста дека Џејмс Харден нема да биде во составот на САД, внесе уште повеќе оптимизам во силниот српски тим дека може да се надеваат и на златото, иако Американците секако ќе бидат главни фаворити бидејќи сепак ќе имаат многу НБА ѕвезди во тимот. Доброто расположение го надополни Радуљица кој со фризурата ги изненади сите па и селекторот Александар Ѓорѓевиќ.

„Аууу, што е ова?“ – рекол Ѓорѓевиќ кога се поздравувал со Радуљица и ја допрел косата на кошаркарот. Селекторот одамна нема коса, па центарот се насмеал и на шега рекол: „Добро, немој да бидеш љубоморен“.

Србија играше финале на претходното СП во 2014, а Радуљица кој има играно во Кина, се надева дека ќе се најде меѓу 12-те патници. На подготовките има 18 одлични кошаркари, а конкуренција на центарската позиција на Радуљица му се Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ и Никола Милутинов.

- Оглас -

Најнови вести