33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

На Кристијано Роналдо може да му биде раскинат договорот со „Најк“, носеше опрема на нивен лут ривал (Фото)

На пријателскиот натпревар помеѓу Ал Наср и Селта Виго, мегаѕвездата Кристијано Роналдо носеше штитник, популарно наречен костобран од „Адидас“ и тоа е голем грев, бидејќи Роналдо има богат договор со неговиот спонзор „Најк“ вреден 170 милиони евра за десет години.

Португалецот е обврзан да носи опрема само од „Најк“, па останува да се види како ќе реагираат од оваа американска компанија за спортска опрема од која Роналдо добива многу пари веќе 20 години затоа што е нивен клиент.

На фотографиите се гледа дека под чорапите, Роналдо носи штитник од Адидас кој е препознатлив по трите црни линии.

- Оглас -

Најнови вести