На Крос му „пукна“ филмот – Имаше 90 минути и ти ми поставуваш вакви прашања? (ВИДЕО)

Веднаш по завршувањето на средбата меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, голем број на новинари се упатија кон самиот тревник за да добијат изјава од играчите.

Тони Крос беше застанат од германски новинар на телевизијата ЗДФ, а интервјуто кое траеше половина минута беше навистина чудно.

Новинарот го праша дали е изненаден од тоа колку е добар Ливерпул и успеа да го „загуши“ Реал на што Крос одговори „Нема врска, на крајот ние победивме“.

Потоа следеше истото прашање на што играчот на Реал Мадрид му одговори „Имаше 90 минути и ми поставуваш вакви прашања? Се гледа дека си од Германија бидејќи одма поставуваш негативни прашања“ рече нервозниот Крос.

Германскиот фудбалер го напушти интервјуто и се врати на прославата со своите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести