На куп-меч во Северна Ирска, се шутираа дури 44 пенали! (Видео)

Во осминафиналето на Лига купот во Северна Ирска, екипите на Болимена јунајтед и Колрејн во маратонски пенал-рулет каков што ретко се гледа одлучуваа кој ќе оди понатаму.

Во регуларниот дел, дуелот заврши 1-1, а на крајот Колрејн на пенали победи со 18-17. Пенал-серијата траеше долго, се изведоа дури 44 пенали, по 22 удари од белата точка за секој од двата тима.

Инаку, светскиот рекорд е 54 пенали.

- Оглас -

Најнови вести