На Кузмиќ му се заканува затворска казна за сообраќајката во која тој помина најлошо

Огњен Кузмиќ, кошаркарот на Црвена ѕвезда кој е позајмен во ФМП, се соочува со затворска казна од осум години за предизвиканата сообраќајна несреќа во која тој помина најлошо.

Помина една година од тешката сообраќајка во која Кузмиќ се преврте со автомобилот откако се удрил во друго возило, по што српскиот центар одредено време беше и во кома. Иако тој закрепна и повторно трча на кошаркарските терени, сега Кузмиќ се соочува со кривично дело за нарушување на јавниот сообраќај.

Истрагата покажа дека Кузмиќ возел со 125 километри на час, 65 повеќе од дозволеното, додека во неговата крв имало 2,27 промили алкохол.

Во несреќата полесно настрадаа уште двајца патници, а доколку се докаже дека Кузмиќ е виновен, според законите во Србија, му следува осум години затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести