На Кварацхелија за најубавиот гол во Италија во 2023 му дадоа награда со згрешено презиме (Фото)

За најубав гол во италијанската Серија А за 2023 година е прогласен оној на Хвича Кварацхелија од Наполи против Аталанта, кога имаше слалом низ противничката одбрана и потоа со силен и прецизен шут во горниот агол даде гол.

На гала-церемонијата која ја организира здружението на играчи во Италија беа доделени повеќе награди за најдобрите годинава, па и Грузиецот доби за најубав погодок. Но, на наградата која ја доби, презимето му е погрешно напишано.

Наместо Кварацхелија, стои Кварацхеила, на буквите И и Л кон крајот на презимето им се сменети местата. Останува да се види дали ќе се поправи грешката или Кварацхелија ќе си ја задржи оваа награда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести