Лацио и Болоња одиграа 1-1 во дуел од Серија А, а двата гола ги постигнаа дански фудбалери, што е прв ваков случај во италијанската лига од далечната 1955 година наваму.
Пред 70 години на меч помеѓу Лацио и Милан, стрелци беа Данците Хансен и Соренсен. Вечерва на „Олимпико“ погодија Исаксен за Лацио и Одгард за Болоња.
Во редовите на Болоња е Чиро Имобиле кој е прв стрелец во историјата на Лацио. Имобиле не влезе во игра против својот поранешен клуб во кој има статус на легенда, а фановите не го заборавија и му посветија кореографија со транспаренти.


