На Лацио – Феенорд не може да нема голови

6024 Фенербахче – Динамо Киев (18.45 часот)

Судбината сакаше овие два тима да се сретнат и во иста група од Лига Европа, откако летоска кон крајот на јули играа еден против друг и во квалификациите за Лигата на шампионите. Двата меча им завршуваа нерешено со 0-2 гола, а Динамо по продолженија го елиминираше Фенер. Сега турскиот тим засилен со Алиоски, ќе проба да се реваншира. Фенербахче солидно почна во турската лига, а Динамо е во губитничка серија, неочекувано претрпе два порази во двете кола, а има низа од три средби по ред на кои прима по три гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.55)

 

6035 Црвена ѕвезда – Монако (21.00 часот)

Белграѓани се разочарани што не се пласираа во ЛШ, го сменија и тренерот Станковиќ, а сега треба да се фокусираат на Лига Европа што не е лесно, и веднаш имаат незгоден противник. Монако полека излегува од криза, викендов ја победи Ница во француската лига, додека Ѕвезда во домашното првенство киксираше против ТСЦ Бачка Топола. Од 13-ти април наваму, Монако дава барем по еден гол на секој натпревар.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.12)

 

6036 Ференцварош – Трабзонспор (21.00 часот)

Домашните се благи фаворити во овој дуел на два тима кои се прваци на своите земји, но испаднаа во квалификациите за ЛШ и мораа да се задоволат со ЛЕ. Екипата на Барди е во голгетерска криза, на последните три настапи постигнаа само еден гол. Ференцварош е во подобар ритам, а и игра дома, па затоа им даваме предност, иако не би било изненадување и гостите да останат непоразени.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

6032 Лацио – Феенорд (21.00 часот)

Лацио има серија од три меча по ред на кои и дава и прима гол, додека Феенорд викендов во Холандија одигра меч со 7+ голови, и има мини серија од две средби по ред на кои дава по четири гола. Овие клубови играле меѓусебе само во веќе далечната 2000 година, па традицијата не мора ништо да значи, а тогаш Феенорд победил во Рим со 2-1 и тоа со пресврт „еден во два“. Лацио е тим кој дома редовно дава гол. Последен меч на кој Феенорд не даде гол, беше мајското финале во Конференциската лига против Рома.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.91)

 

6029 Манчестер ј. – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Манчестер јунајтед е во победнички ритам во Премиер лигата, а ЛЕ е непозната територија за Кристијано Роналдо, и ќе сака да дава голови и во ова натпреварување. Роналдо уште нема постигнато гол сезонава, па ако е мотивиран и добие шанса да заигра, може да биде стрелец. Овие два клуба се сретнаа и минатата сезона во ЛЕ, поуспешни беа Црвените ѓаволи кои на гости победија со 4-0, но на „Олд Трафорд“ немаше голови. Сосиедад четири пати играл против Јунајтед и никогаш не постигнал гол.

Предлог тип: 1 пдг & 1 (1.78)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести