На Лацио му се смешкаат три бода против омилениот гостин

3007 Верона – Фиорентина (18.30 часот)

Верона се бори за опстанок и подолу е од Виолетовите на табелата, има осум бода помалку од нив, но домашните не се аутсајдери на овој меч. Верона има само еден пораз во последните пет кола, и тоа загубија минимално во минатото коло од Рома, додека Фиорентина уште од 7-ми јануари не знае за победа во Серија А. Верона во сите осум настапи во 2023 година одигра неефикасни дуели со 0-2 гола, а и на последните три меѓусебни дуели на овие екипи паѓаа по два гола.

Предлог тип: НГ & 0-2 (1.96)

 

2806 Митјиланд – Брондби (19.00 часот)

Некогаш доминантниот во Данска, Брондби, сезонава во 18 кола има по шест победи, порази и ремија, но не е далеку од плејофот. Митјиланд има два бода повеќе, а и двата тима досега постигнаа по 28 гола. Двата тима имаат по еден пораз во последните пет кола, па некако нерешениот исход делува како најреална опција. Последните осум меѓусебни дуели им завршуваа со 2-4 гола.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.93)

 

1543 Спортинг – Есторил (20.00 часот)

Лавовите од Лисабон имаат дури шест порази сезонава, па џабе им е што во последно време често победуваат, реално за нив местата во ЛШ се недостижни, а и третото место кое води во Лигата на Европа е далеку, Брага им бега осум бода. Есторил е 15-ти на табелата, има една победа и четири порази во последните пет кола, а Спортинг во истиот период има четири победи и еден пораз. Традицијата најавува победа на домашните со 2-3 гола.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.70)

 

3008 Лацио – Сампдорија (20.45 часот)

Лацијалните се фаворити и би требало да ја искористат кризата која ја тресе Сампдорија. На Лацио победата му треба во битката за излез во Европа, а гостите се заглавени на претпоследно место и мали се шансите да опстанат во Серија А. Сампдорија е најнеефикасен тим во италијанската лига, има само 11 погодоци во 23 кола. Летоска во Џенова беше 1-1, а на „Олимпико“, Сампдорија не победила 18 години.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

1310 Вилјареал – Хетафе (21.00 часот)

Жолтата подморница тоне, има четири порази по ред во Ла Лига, па на овој меч бара излез од кризата. Хетафе е трети од долу на табелата, му претстои тешка битка за опстанок, но малиот мадридски клуб игра добро во последно време, во последните три кола освои пет бода од можните девет. Хетафе и кога победува и кога губи, тоа најчесто се мечеви со 0-2 гола. Во првиот дел од сезоната, кога се сретнаа во Мадрид, Хетафе и Вилјареал одиграа 0-0.

Предлог тип: & 1-3 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести