Валентино Лазаро одигра одличен меч за Австрија против Македонија во Скопје, постигна и гол, а беше еден од најопасните играчи на теренот, па сега и интересот за него е голем.
Интер веднаш реагираше со понуда до Херта вредна 17 милиони евра, плус бонуси од два милиони евра за десното крило.
За Лазаро се заинтересирани и Арсенал и Пари Сен Жермен, но според информациите во италијанските медиуми 23-годишниот офанзивец веќе ги прифатил условите на Интер, па сега останува само двата клуба да се договорат.
Херта бара 20 милиони евра плус клаузула за бонуси од два милиони евра, а се очекува разликата во понудата на Интер и барањата на клубот од Берлин да се „испеглаат“ и Лазаро да се пресели на „Џузепе Меаца“.