Првата ѕвезда на ЛА лејкерс и еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс, ги почeсти своие фанови на „Инстаграм“ покажувајќи ја колекцијата на патики која ја поседува. Кралот се наоѓа во родниот Кливленд, каде што изолацијата ја поминува со најблиските откако сезоната во НБА-лигата се прекина по потврдените случаи на заразени од Коронавирусот кај неколку играчи, меѓу кои има и членови на Езерџиите.
Американците вчера си славеле измислен празник „Ер макс ден“, кој се однесува на моделот „air max“ на брендот за спортска опрема „Најки“. Џејмс ја покажа ексклузивната колекција, меѓу нив имаше неколку специјално изработени модели на „air max“ кои тешко може да се најдат во продавници.