На Лери Бирд не му се допаѓа што му нацртале тетоважи

Муралот насликан на ѕид на една мала зграда во Индијанаполис ќе мора да биде преправен бидејќи човекот чиј лик е нацртан не е задоволен од тоа што го видел. Станува збор за мурал посветен на кошаркарската легенда Лери Бирд, а проблемот на „птицата“ е што на цртежот тој е прикажан со тетоважи.

Бирд нема тетоважи, но во денешно време е модерно да се тетовираш и 90 проценти од НБА-играчите имаат тетоважи, па затоа артистката која го црташе му додаде и тетоважи. Сепак, на Бирд не му се допаѓа таквиот изглед и муралот ќе биде префарбан, со тоа што ќе ги нема тетоважите и ќе остане само ликот на Лери од пред 40-тина години, од времето кога играше за Универзитетот Индијана стејт.

Лери, кој има 62 години, е најдобриот кошаркар во историјата на сојузната држава Индијана, еден од 50-те најдобри во историјата на НБА и сака да го паметат и по тоа што нема тетоважи.

- Оглас -

Најнови вести