На Лестер му се повторуваат моменти од шампионската сезона

Лестер како лидер во Премиер лигата ги чека денешните дуели на фаворизираните Манчестер јунајтед и Манчестер сити против Фулам, односно Астон вила. Лисиците синоќа со 2:0 го победија Челзи и по 19 кола, стигнаа до 38 бодови.

Ако се анализира првиот дел од полусезоната, односно 19-те одиграни кола, Лестер игра во ист стил како во сезоната 2015/16, кога на чудесен начин стигна до шампионската титула. Пред пет сезони Лестер по 19 кола имаше освоено 39 бода, а сега има еден бод помалку.

Тоа што се поклопува од тогаш е фактот дека тогаш трет на табелата бил Манчестер сити, како што е и денеска. Седмото место тогаш го заземал тимот на Вест хем, исто како што е и денеска, а Челзи и тогаш и сега е далеку од трката за висок пласман.

Во последните пет сезони, Лестер по 175-ти пат преноќи како лидер во Премиер лигата и е на четвртото место на оваа листа. Само три клуба во изминативе пет сезони поминале повеќе денови како лидери од Лестер.

Манчестер сити бил лидер 547 дена, Ливерпул како прв поминал 534 дена, а Челзи бил на чело на табелата 194 дена. Потоа следува Лестер со 175 дена, додека Манчестер јунајтед како лидер во изминативе пет сезони бил само 56 дена.

 

- Оглас -

Најнови вести